Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
24.01.2012   ИЗВЕСТУВАЊЕ
Известување од Претседателот на Судот за судската практика на Европскиот суд за човекови права  од 24.1.2012 година
                                                       
                                   
                       
                           
            Судската практика на Европскиот суд за човекови права преку која се толкуваат и имплементираат одредбите од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи претставува релевантен извор на правото и пред националните судови, најмалку во форма на водилка при примената на националното право во духот на Конвенцијата.
            Преку судската практика на Европскиот суд за човекови права се изградува посебно конвенциско право, чија содржина е релевантна како за националните судови при извршувањето на функцијата на правораздавање, така и за граѓаните при нивното настојување за реализација и заштита на своите права и правни интереси.
            Сметано од моментот на формирањето на Европскиот суд за човекови права е изградена исклучителна богата судска практика преку донесување голем фонд на судски одлуки. Значителен број од нив се јавно објавени и како такви се направени за достапни до пошироката јавност.
            Имајќи ја предвид заложбата на Основниот суд Радовиш за развивање на правниот систем во Република Македонија, афирмација на правната сигурност на граѓаните и засилена заштита на нивните права и правни интереси, овој суд се вклучува во напорите за обезбедување поширока достапност на судските одлуки на Европскиот суд за човекови права до граѓаните.
            Во тој контекст, ќе бидат презентирани одлуките на Големиот судски совет  на Европскиот суд за човекови права кои се донесени во текот на 2011 година.
            Имено, согласно со одредбата од чл.31 на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, Големиот судски совет се произнесува по жалбите доставени врз основа на чл.33 и 34 кога случајот му е отстапен врз основа на чл.30 и врз основа на чл.43; решава по прашања кои што на Судот ќе му ги упати Комитетот на министрите во согласност со чл.46 ст.4 и разгледува барања за советодавни мислења доставени врз основа на чл.47 од Конвенцијата.
            Тоа значи дека Големиот судски совет се произнесува за сериозни прашања во врска со имплементацијата или примената на Конвенцијата или на нејзините протоколи или во врска со сериозен проблем од општо значење.
            Верувам дека содржината на презентираните одлуки ке претставува драгоцен придонес во запознавањето со новата судска практика на Европскиот суд за човекови права.
                                                       
 
                                                                                                     Претседател на Судот
                                                                                                        Љупчо Тодоровски
23.01.2012   РОЧИШТА ЗА ПЕРИОД 23.01 - 10.02.12
РОЧИШТА 23.01 - 10.02.12
23.01.2012   ИЗВЕСТУВАЊЕ
Известување од претседателот на Основниот суд Радовиш за именување на судски преведувчи од 23.1.2012 година
                                               
                                                 
                                                       
                                                                                                              
Основниот суд Радовиш известува дека:
 
 
1.                  Со решение на Министерот за правда бр.07-4273/2 од 7.12.2011 година за постојан судски преведувач од македонски на италијански јазик и обратно за подрачјето на Основниот суд Радовиш е поставено лицето Зорка Златкова од Радовиш (ул.Маршал Тито бр.208/1-8).
 
2.                  Со решение на Министерот за правда бр.07-4359/2 од 8.12.2011 година за постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно за подрачјето на Основниот суд Радовиш е поставено лицето Јулија Трајанова од Радовиш (бул.Александар Македонски бр.3/1-2).
 
3.                  Со решение на Министерот за правда бр.13/2-968/2 од 19.12.2011 година за постојан судски преведувач од македонски на англиски и германски јазик и обратно за подрачјето на Основниот суд Радовиш е поставено лицето Ангелина Митевска од Радовиш (ул.Ана Поцкова бр.85).
 
 
 
 
 
      Претседател на Основен суд Радовиш
23.01.2012   ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИЛТЕН
Известување за објавен Билтен на Основниот суд Радовиш од 23.01.2012 година.
 
            Примарна цел и врвен приоритет во извршувањето на претседателската функција во Основниот суд Радовиш ми претставува заложбата за изградување на Судот како независен, непристрасен, функционален и ефекасен суд со висок квалитет на правораздавање заради обезбедување судската заштита на правата и правните интереси на граѓаните.
            Таквата заложба за изградување на модерен суд ја вклучува и желбата за обезбедување воедначена судска практика со што ќе се надмине различноста во постапувањето на судиите по исти правни прашања, што од својата страна внесува правна несигурност и ја нарушува довербата на граѓаните во судството.
            Водејќи се од таквата цел, иницирана е подготовка на Билтен на Основниот суд Радовиш кој треба да претставува мал придонес во воедначувањето на судската пракса, особено низ призма на веќе најавениот проект на создавање систематизирана база на судски одлуки.
            Иако Основниот суд Радовиш е суд со основна надлежност, кој наидува на хендикеп во ограниченост на бројот на предметите во работа и нивната сложеност, сепак истиот располага со потенцијал во креирањето на сопствена судска практика, но и за следење на практиката на други судски институции, нивно селектрирање, анализа и презентација.
            Имајќи го предвид изнесеното, подготвен е првиот број на билтенот на Основниот суд Радовиш, кој е достапен во делот на оваа WEB страница посветен на судската практика.
            Верувам дека со подготовката на ова издание нема да заврши ангажманот на Судот во доменот на подготовка и презентација на судската пракса на самиот суд, повисоките судски институции во земјата, судски институции од странство, како и во презентирањето правни ставови, мислења и стручни трудови.
           
                                                                                              Претседател на Судот
                                                                                                Љупчо Тодоровски
 
03.01.2012   РОЧИШТА ЗА ПЕРИОД 03.01 - 20.01.12
РОЧИШТА 03.01.12 - 20.01.12
22.12.2011   ИЗВЕСТУВАЊЕ
 ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОСНОВНИОТ СУД ОД РАДОВИШ ЗА ОДЛУКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД 03.11.2011 ГОДИНА
 
Европскиот суд за човекови права со одлука од 3.11.2011 година се има изјаснето во однос на ефективноста на националниот правен лек за судење во разумен рок воведен со Законот за судовите („Службен весник на РМ“ бр. 58/2006; 35/2008 и 150/2010).
            Според Законот, правниот лек е конкретно утврден за решавање на прашањето за должина на постапките пред домашните органи. Врховниот суд на РМ има исклучива надлежност да одлучува по правниот лек за должина на постапката. Во Врховниот суд на РМ е формиран посебен оддел да одлучува по случаите за должина на постапката. Секоја заинтересирана странка може да бара заштита на неговото или нејзиното право на судење во разумен рок во текот на постапката, но не подоцна од шест месеци откако одлуката ќе стане правосилна. Врховниот суд на РМ одлучува во две инстанци на надлежност во рок од шест месеци од поднесувањето на барањето. Врховниот суд на РМ ги применува правилата и принципите на Европската конвенција за заштита на основните слободи и човекови права и критериумите утврдени во судската пракса на Судот, а посебно комплексноста на случајот, однесувањето на жалителот и однесувањето на надлежните органи. Ако утврди повреда, Врховниот суд на РМ утврдува надоместок и таму каде е потребно утврдува временски рок во кој односниот суд ќе треба да одлучува за основаноста на случајот. Одлуките во прв степен може да бидат обжалени пред второстепениот совет на Врховниот суд на РМ. Надоместокот се исплаќа во рок од три месеци откако одлуката на Врховниот суд на РМ ќе стане правосилна.
Имајќи ги предвид одредбите на Законот за судовите и праксата утврдена од Врховниот суд на РМ, Судот смета дека правниот лек за судење во разумен рок, предвиден со Законот, треба да се смета, генерално, како ефективен, во смисла на членот 35 став 1 од Конвенцијата. Следствено на тоа, апликантите кои се незадоволни од должината на постапката треба да го искористат предметниот правен лек пред поднесување барање за должина на постапката до Судот, со цел за задоволување на критериумот „исцрпеност на домашните правни средства“.
 
                                                                              
                                                                                  Претседател на Судот
                                                                                     Љупчо Тодоровски
 
19.12.2011   ИЗВЕСТУВАЊЕ
15.12.2011   РОЧИШТА ПЕРИОД 15.12 - 30.12.2011

РОЧИШТА  15.12 - 30.12.2011

16.09.2011   ИЗВЕСТУВАЊЕ

Извештаите за работа на судот се наоѓаат во полето Статистика на Судот

05.09.2011   ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ

12