Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
ОСНОВЕН СУД РАДОВИШ - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
а) Стварна надлежност

Основниот суд во Радовиш е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основниот суд во Радовиш е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно – правните и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- чување и воспитување на деца,
- смеќавање на владение,
- доживотна издршка,
- надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови за наследно – правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- водење на тапии и други работи утврдени со закон.

б) Месна надлежност

Согласно Законот за судовите( Службен весник бр.58/06 од 11.05.2006 година) Основниот суд во Радовиш е надлежен за подрачјето на Општините Радовиш и Конче.
  • Историјат
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи

Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија, а со самото тоа и во Радовиш и Радовишко започнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ке се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови – судовите на партизанските одреди, во овој период се јавуаат специфичен вид на правосудни органи, хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа, прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите сфери на живеењето во тој период. Секој од овие судски оддели бил составен oд прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територијата на округот. Судиите во советот многу често немале правничко образование, но по правило, секретарот на секој судски одбор бил правник, именуван од Президиумот на АСНОМ.

Делокругот на работа на овие судови сообразувал со времето во кое се формирани па така најголемиот број од случаите што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпионите и соработниците на окупаторот, нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ како и зачувување на придобивките на револуцијата, а многу поретко заштитата на имотот на граганите и нивните мегусебни спорови.

На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околиски суда, 3 обласни суда со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.
Радовишкиот суд има долга традиција на постоење уште од Стара Југославија-Кралство Југославија, продолжува со постоење со окупацијата на Бугарија од 1941 до 1945 година.После ослободувањето од 1946 година до 1947 година работел како Одделение на Околискиот суд во Струмица.Од 1950 година до 1952 година судот во Радовиш е самостоен Околиски суд.Тогаш прв претседател на судот бил Тодор Кукутанов.
Во почетоците на своето работење Околискиот суд во Радовиш се соочувал со низа кадровски, просторни и материјално-технички проблеми. Својата функција судот ја вршел во старата зграда на Тутунска банка во која претходно долниот кат бил кафеана, а горниот кат бил хотел во сопственост на Милутин Стефановик и тоа две простории , а од 1972 до 1975 година бил истурена канцеларија во куката на Хаџи Ефтимови на ул.,,Маршал Тито,,.
Што се однесува до предметите кои ги работел судот во тој период највеќе биле застапени кривичните дела,граганските предмети осетно голем број на оставински предмети, во судот се воделе таписките и интабулациски книги а се укажувала и правна помош на граганите.
Со донесувањето на сојузниот и републичкиот Устав во 1963 година, еден од 25-те околиски судови, формирани со повелбата на АСНОМ, Околинскот суд во Радовиш е преименуван во Општински суд Радовиш, со седиште во Радовиш.
Во поглед на надлежноста новата организација на судовите не донесува драстични промени во работењето на Основниот суд Радовиш. Судот бил надлежен за одлучување граганската, кривичните и други предмети и тоа во рамките на основната стварна надлежност што ја имал според тогашниот закон за судовите
Со донесувањето на Законот за судовите од 1996 година, Општинскиот суд во Радовиш е преименуван во Основен суд Радовиш. Судот бил надлежен за одлучување по сите видови предмети од граганската материја како и за кривични предмети за кои е пропишана казна затвор до 10 години.
Во 1975 година е изградена нова современа зграда на судот во која е сместен и денес, а се наога на ул.,,22ри Октомври,, бр.5.
Како карактеристични предмети што се јавуваат во овој период, а и денес се предметите од кривичната материја , големиот број на прекршочни предмети, како и предметите од граѓанската материја поврзани со сопственоста и запишување на правото на сопственост, како и работните спорови, карактеристични за транзициониот период.
Што се однесува до просторните капацитети и материјалните и други услови за работа, во споредба со минатото кога истите биле доста скудни и сиромашни,денес ситуацијата е значително подобрена па за овој период може да се каже дека судот ги има сите услови за нормално вршење на својата функција.Започната е компјутеризацијата на судот, подобрување на просторно-технички услови за работа и организационите промени кои делуваат во еден позитивен правец односно водат кон модернизација на судот.

-Досегашни и сегашен претседател на судот

Прв претседател на судот е Тодор Кукутанов -1950 година,
Димче Костов од Велес -1955 година
Коце Кукутанов-1956 година,
Илија Кочев Чирич од 1957 до 1962 година,
Коста Ржев од 1963 до 1966 година,
Александар Јовичич -1966 година,
Теохаров Димитар-1969 година,
Во временскиот период од 1970 до 1972 година судот бил без Претседател, бидејки Претседател бил Претседателот на Општинскиот суд во Струмица,
Горгичков Лазар од 1972 до 1985 година,
Миле Валаков од 1.07.1985 до 30.06.1996 година,
Бранко Димитров од 3.07.1996 година до 3.03.2001 година,
Нојко Арсов од 2001 до 2005 година,
Ангел Диманов од 2005 до 2009 година,                                                                            Сегашен Претседател на Основниот суд Радовиш е Данка Ристова од 19.11.2009 година.

Структура на судска зграда

Приземје:
На приземјето се сместени:
Судската полиција
Телефонската централа
Судница бр. 1
Судница бр. 2
Судница бр. 3
Отсек за прием и експедиција
Кривичен отсек
Граѓански отсек
Отсек за извршување прекршочни санкции
Отсек за платни налози
Прекршочен отсек
Сметководство
Секретарот на судот
Стручни соработници


I кат:

На првиот кат се сместени судските кабинети меѓу кои и кабинетот на Претседателот на судот, како и на истражниот судија, просториите на Јавниот обвинител на Р.М и 1 дактилобиро.

II кат:

На вториот кат се наоѓаат просториите на управата за јавни приходи и просториите на катастарот при општина Радовиш.